Србија воведе задолжителна самоизолација од 14 дена за граѓаните на Црна Гора

Од:

Врз основа на проценката на досегашната епидемиолошка состојба во регионот и ситуацијата со пандемијата во Црна Гора,  Владата на Србија денеска донесе одлука сите црногорски граѓани кои влегуваат во Србија да мораат да минат низ период на задолжителна самоизолација од 14 дена.

Откако ќе влезат во Србија, црногорските државјани се должни да ја пријават адресата на која ќе престојуваат во следните две недели, за надлежните органи да можат да го контролираат почитувањето на изречената мерка, се наведува во соопштението на српската Влада.

„Уште еднаш апелираме до сите граѓани да се придржуваат кон мерките и да бидат одговорни пред себе и другите“, апелираа од Владата на Србија и додадоа дека тие и понатаму со големо внимание ќе го следат развојот на епидемиолошката состојба предизвикана од Ковид-19, во земјата и регионот.

Одлуката во Белград доаѓа само ден откако црногорските власти донесоа сличен пропис, кој налага карантин за српските државјани што ќе влезат во Црна Гора, со образложение дека „стапката на активни случаи во Република Србија, особено во областа долж границата со Црна Гора, бара најстрог епидемиолошки надзор“.

 

Би можело да ве интересира

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада