Пронајден диносаурус голем колку паметен телефон

Од:

Археолози во САД го пронајдоа најмалиот диносаурус, засега познат, кој живеел во праисторијата. Суштеството било долго околу 10 сантиметри, односно не поголемо од денешен обичен телефон.

Како што соопшти американската Национална академија на науки, суштеството било претходник на диносаурусите и летечките птеросауруси.

– Ова мало животинче денес би било одлично домашно милениче. Но, се работи за возрасно, пораснато суштество. На тоа укажуваат оние специфични годови кај коските, нагласи Кристијан Камерер, палеонтолог од Музејот за природни науки во Северна Каролина и одговорен за новите истражувања.

Диносаурусот го доби името „Kongonaphon kely“, а живеел на Мадагаскар пред 237 милиони години.

Би можело да ве интересира

Научници открија остатоци од ембрион од Тираносаурус

Ана Ололовска

Дете пронајде редок скелет на диносаурус во Канада

Ана Ололовска

Тумор пронајден во фосил на диносаур стар 60 милиони години

А1он

Во Англија откриен досега непознат вид диносауруси

Наум Локоски

ВИДЕО: Новоткриен вид на диносаурус наречен по чудовиштето од „Истерувачи на духови”

Ана Ололовска