Тачи: Борба против коронавирусот, не со зборови туку во стотици милиони евра

Од:

Кандидатите за пратеници во ИЕ6 од ДПА вчера остварија средби со граѓаните во повеќе населени места во тетовско. Како што соопшти информативната служба на ДПА, претседателот и воедно носител на листата Мендух Тачи беше во Гургурница, додека заедно со Земри Асани кандидат за пратеник ги посетија општинскиот центар Боговиње, како и тамошните села Горно Седларце, Палчиште, Камењане и Пирок.

-Со ДПА во Владата и мене како вицепремиер, ќе водиме силна 30-дневна војна против вирусот. Не со зборови, туку во стотици милиони евра што ќе бидат инвестирани во здравствениот систем. Верувам дека и другите ќе се согласат јас како лекар да го раководам штабот за пандемиски кризи. Ваучерите не се вистинска помош. Секое лице на возраст над 18 години мора да добие по 100 евра. По конституирањето на владата, мора да се бара финансиска помош од пријателските земји и меѓународните институции. Да се инвестира продуктивно во борбата против вирусот и да се оживее економијата, истакна Мендух Тачи во Боговиње.

Заедно со кандидатот за пратеник д-р Арбен Демири ги посетија Голема Речица и тетовската населба Теќе.

Би можело да ве интересира

ДПА го дефинираше учеството во коалицијата на ДУИ

ДПА избра ново претседателство

Горан Наумовски

Бектеши: Албанската опозиција не ја прифати средбата, нивната цел е да блокираат

Ана Ололовска

Синот на Мендух Тачи стана доктор на политички науки

Жарко Настоски

Следува уште една изборна година

Ана Ололовска

Усогласување на владината програма и распределба на кадри во преговорите меѓу СДСМ и ДУИ

Ана Ололовска