(ВИДЕО) Шекеринска од Кичево: Ќе ја намалуваме невработеноста до едноцифрена вредност

Од:

На 15 јули изборот е едноставен, изборот е помеѓу повисоки плати за сите или богатење на неколкумина околу Груевски, порача од Кичево Радмила Шекеринска. На граѓаните им посочи дека бираат помеѓу рекорден износ на странски инвестиции – и инвеститори од типот на Субрата Рој и помеѓу 777 нови социјални станови или скапи кредити земени за да се финансира стиропор и кич.

„ На 15 јули  граѓаните ќе изберат минималната плата да изнесува 20 000 денари, просечната плата да порасне до  34 000 денари, пензиите да продолжат да растат и ниту една  пензија да не биде пониска од 10 700 денари. Граѓаните ќе изгласаат да се зголеми прагот на поврат на ддв – то  од 7200 ден за секој граѓанин на годишно ниво на 9600 денари.На 15 јули граѓаните ќе гласаат и за зголемуваање на субвенциите од 160 милиони на 200 милиони евра за развој на нашето домашно  земјоделие. Градиме 260 километри автопати, 300 км експресни патишта и 950 км локални патишта низ цела држава. 2,5 милијарди евра од европските фондови – ова ќе бидат европски пари кои ќе ни ги донесат европските стандарди дома“, рече Шекеринска.

Таа најави грантови до 15 000 евра за млади и за жени, да отворат сопствени фирми, да создаваат нови работни места и да донесат повеќе пари дома како и повисока социјална помош за 34000 семејства, и детски додаток кој ќе опфати 65 000 деца во цела држава.

„ Невработеноста  ќе продолжиме да ја намалуваме за 3 проценти секоја година се додека таа не добие едноцифрена вредност. Ќе покажеме што значи економски патриотизам  на дело и како вистински се сака татковината“, рече Шекеринска и најави 1 милијарда евра странски инвестиции за следните 4 години.

Би можело да ве интересира

„Политико“: Шекеринска и Габриел кандидатки за заменички на генералниот секретар на НАТО

Горан Наумовски

Листата со тројцата кандидати за државен обвинител испратена во Владата

Невработеноста во еврозоната на рекордно ниско ниво од 6,5 проценти

А1он

Евростат: Стапката на невработеност во ЕУ е шест проценти

Рекорден број Французи дале отказ од работа во потрага по постојана работа

А1он

Намалена невработеноста во Грција

А1он