Лекот за маларија не ја намалува смртноста од Ковид-19, СЗО ги прекина испитувањата

Од:

Светската здравствена организација соопшти дека ги прекинува испитувањата за лекот за маларија –  хидроксихлорокин и комбинацијата на лекови за вирусот ХИВ – лопинавир / ритонавир, кај пациентите хоспитализирани заради коронавирус, бидејќи тие не ја намалиле  смртноста.

„Резултатите од привремените тестови покажуваат дека хидроксихлорокин и лопинавир / ритонавир придонесуваат за мало или никакво намалување на смртноста кај хоспитализирани пациенти со Ковид-19,  во споредба со стандардната нега“, се наведува во соопштението на СЗО.

Испитувањата веднаш ќе бидат прекинати, се додава во соошштението на СЗО, пренесуваат британските медиуми.

Ваквата одлука, донесена по препорака на меѓународен одбор, не е во спротивност со другите истражувања во кои лековите се користат за нехоспитализирани пациенти или како превенција.

Во друго истражување  СЗО го испитува и можниот ефект на лекот ремдесивир врз Ковид – 19.

Би можело да ве интересира

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа