Пјонгјанг го отфрли барањето на Сеул, да разговара за зоната Кесонг

Од:

Северна Кореја утрово го отфрли барањето на Јужна Кореја, за преговори околу индустриската зона Кесонг, со која управуваат и девете држави, а која веќе месец дена е затворена.

Пјонгјанг денес со негативниот одговор, го предупреди Сеул дека се можни сериозни последици.

Претходно Сеул го предупреди Пјонгјанг за исти такви последиците од затворање на индустриската зона, симболот на меѓукорејската соработка и побара да разговараат.

Ниту една од двете држави не објасни што подразбира под сериозни последици.

Војната со зборови, ја доведе во прашање иднината на комплексот, кој се наоѓа на територија на Северна Кореја, во која технологијата и знаењето го обезбедуваат менаџери од Јужна Кореја, додека повеќето работници се Севернокорејци.

Пјонгјанг во почеток на месецов, кога на Сеул и Вашингтон им се закани со „светата нуклеарна војна“, им забрани на менаџерите да влегуваат во Кесонг, а подоцна ги повлече севернокорејските работници.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња