Колумбија: Обвинет 31 војник поради силување малолетнички

Од:

Колумбијската војска соопшти дека отпуштила 31 припадник, кои се обвинети за сексуално злоставување или насилство врз малолетнички.

Од 2016 година војската води истрага против најмалку 118 свои припадници, поради обвиненија за силување на малолетнички.

„Од институциите се отстранети 31 припадник – 12 подофицери и 19 војници. Административната мерка е преземена согласно правните норми и одлуката на началникот на војската“, се наведува во военото соопштение.

Обвинетите ги очекуваат дисциплински и кривични истраги, кои можат да резултираат со затворска казна.

Армијата демантираше дека постоел систематски обид за прикривање на војниците вмешани во чинот на сексуално насилство врз малолетни девојки.

Колумбиската војска има 240.000 припадници.

Би можело да ве интересира

Колумбија ги забрани борбите со бикови

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести

Платил 175 илјади долари за да порасне 10 сантиметри: Може да дојде до тоа да не можам да се справам со болката

А1он

ВИДЕО: Гром уби млада мајка на плажа во Колумбија, снимен моментот на ударот

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски