Невремето во Скопје кршеше дрвја, настрадаа коли на „Партизанска“

Од:

Силното невреме со ветер и дожд што попладнево го зафати Скопје предизвика голема штета на паркинг на булеварот „Партизански одреди“, спроти Универзалната сала, каде голема скршена гранка од дрво падна на неколку паркирани автомобили.

Попладнево невремето го закочи сообраќајот на автопатот Скопје-Тетово, каде поради тешките услови возачите мораа да се движат со 40 километри на час и се создаде колона.

Метеоролозите велат дека слично нестабилно време може да се очекува до крајот на следната недела.

 

Би можело да ве интересира

Најмногу дожд наврна во Крива Паланка, попладне локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

Торнадо ја погоди Словенија и остави пустош: илјадници луѓе останаа без струја

Температури над 40 степени, а потоа следува заладување

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Утре повторно силен ветер и нестабилно време со пороен дожд