Јанис: Мораме психички да се подготвиме за најтешката сезона досега

Од:

Кошаркарот на Милвоки Бакс, Јанис Адетокумбо зборуваше за актуелната ситуација во НБА-лигата.

Сезоната ќе продолжи на 31 јули во Орландо, каде ќе играат во три сали за три месеци.

Тимот во кој тој игра, Милвоки Бакс се први на Исток и имаат најдобар резултат во лигата, Јанис верува и дека оваа сезона ќе се памети долго време.

– Слушнав многу луѓе кои велат дека оваа сезона ќе биде особено незаборавна.Ова ќе биде најтешката титула досега освоена. Играчите се малку „рѓосани“. Ќе видите како играчите ќе ја фрлаат топката на трибините наместо на соиграчите, ќе има многу изгубени топки. Нивото на кое играме ќе расте од меч во меч, како што се прилагодуваме и се враќаме во форма, рече актуелниот МВП.

Најважно, според НБА играчот е да се биде ментално подготвен.

– Мислам дека најтешко ќе биде да останеме ментално стабилни. Ќе биде тешко, нема да можеме да го видиме семејството три месеци. Ќе играме без навивачи. Сето тоа влијае на психата. Мора да преминеме преку тоа. Јас веќе се чувствувам како шампион од ова искуство. Кој и да ја освои титулата, ќе биде многу ценет. Ќе биде сè потешко да се стане шампион секоја година. Ќе биде поважно и потешко затоа што во оваа земја се занимаваме со пандемија и разни проблеми, додаде Јанис.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо