А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Чулев го охрабри полицајците сериозно и професионално да пристапат кон организација на изборите

by А1он02/07/2020 - 15:07349
Share0

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска ги посети единиците за внатрешни работи Ѓорче Петров и Чаир, при што оствари работни состаноци со раководствата на двете одделенија за внатрешни работи, упатувајќи апел двете полициските одделенија сериозно и професионално да пристапат кон организација на претстојните предвремени парламентарни избори.

Следете a1on на Instagram Instagram

-Евентуални изборни нерегуларности ќе бидат директен удар кон угледот, пред се, на полицијата, а потоа и на државата, потенцирал Чулев, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Чулев истакнал дека е потребно полициските службеници да постапуваат максимално професионално и неселективно во секој случај каде постојат елементи на кривични дела против изборите и гласањето, без разлика на политичката припадност на оние кои ќе го прекршат законот, имајќи предвид дека овие избори се од големо значење за европската перспектива на земјата.

-Бескомпромисната борба против сите видови на изборни нерегуларности ќе ја потврди одлучноста на нашата земја да ги исполни сите стандарди кои се потребни за почнување на преговорите за влез во ЕУ, нрекол министерот Чулев.

Следете a1on на Youtube YouTube

На средбите е констатирано дека безбедносната состојба на двете подрачја е добра и во изминатиот период не се евидентирани потешки кривични дела, освен случајот во Ѓорче Петров каде беше фрлена експлозивна направа на трговски објекти, кој е сопственост на родителите на носител на листа од една политичка партија.

culevizbori 2020

Би можело да ве интересира

Чулев: Зградата на М – НАВ претставува објект од критична инфраструктура од исклучителна важност за функционирањето на државата, сторителите на делото треба да бидат најостро санкционирани

Предраг Петровиќ05/01/2024 - 17:4305/01/2024 - 17:43

Наќе Чулев: Јас ја реактивирав истрагата за пасошите, Спасовски чекаше предолго да ја заврши

Жарко Настоски06/04/2021 - 21:3907/04/2021 - 00:17

ВИДЕО: Условна затворска казна за советникот на Чулев кој нападна началник од Тетово

Кристијан Ландов20/01/2021 - 17:40

Следува уште една изборна година

Ана Ололовска05/01/2021 - 08:54

ВИДЕО: Отказ за советникот на Чулев кој нападна началник и предизвика инцидент за време на полициски час

Кристијан Ландов18/09/2020 - 17:2418/09/2020 - 17:33

Усогласување на владината програма и распределба на кадри во преговорите меѓу СДСМ и ДУИ

Ана Ололовска17/08/2020 - 07:4917/08/2020 - 07:49
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео