Најмалку 50 рудари загинаа денеска во свлечиште во рудник за жад во северен Мјанмар, соопштија властите.
Се претпоставува дека има повеќе настрадани, но дека тие се затрупани, пренесува Би-Би-Си.
Свлечиштето било предизвикано од поројни дождови.
Мјанмар се смета за еден од најголемите извори на жад во светот, но во рудниците често доаѓа до несреќни случаи.