Истрагата за шверцот со човечки органи на Косово ќе заврши идната година

Од:

Меѓународната истрага за наводниот шверц со човечки органи од српски заробеници за време на конфликтот во Косово ќе заврши во 2014 година. Тоа во Белград го изјавил американскиот обвинител Џон Клинт Вилијамсон кој е одреден од ЕУ да биде шеф на истрагата.

– Ние извршивме разговори со над 100 сведоци до моментот, и очекуваме истрагата да заврши во следната година, изјавил обвинителот, според соопштение на српската Влада по средба на Вилијамсон со српскиот премиер Ивица Дачиќ.

Српскиот премиер потврдил поддршка на Белград за истрагата.

Тврдењата за шверц со човечки органи се појавија за првпат во 2008 година и подоцна беа повторно објавени во извештај на швајцарскиот пратеник Дик Марти во јануари 2011 година од ПССЕ.

Во него се споменуваат имињата на поранешни лидери на косовските албански бунтовници меѓу кои и на Хашим Тачи, актуелен премиер на Косово. Во октомври 2012 година српскиот обвинител за воени злосторства Владимир Вукчевиќ за западни медиуми изјави дека постои сведок кој учествувал во вадењето органи од српски заробеници за време на конфликтот во Косово (1998-1999).

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина