Шенол Ахмети, снимател во МРТ, ја загуби битката со коронавирусот

Од:

Вечерва од коронавирус почина долгогодишниот снимател во албанската редакција на Македонската радио телевизија, Шенол Ахмети.

Неговите колеги на социјалните мрежи се збогуваат од човекот кој својата кариера ја посвети на МРТВ, каде што работеше повеќе од 20 години.

Ахмети се заразил од Ковид-19 во последнава недела, а за само неколку дена состојбата му се влошила и завршил на респиратор. Вечерва тој ја загубил битката со коронавирусот.

Ахмети имаше 51 година, а неговите колега велат дека претходно немал сериозни здравствени проблеми.

Тој е вториот медиумски работник кој почина како последица на коронавирусот.

Пред точно еден месец, 44-годишниот Беким Бајрамоски, вработен во локалната телевизија „Спектра“ во Лабуништа почина од Ковид-19.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лавров исфрли новинар од салата: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март