• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

ЕУ: Нема отворање на границите за Македонија, но секоја земја ќе може да одлучи сама

by А1он30/06/2020 - 16:0230/06/2020 - 21:491457
Share0

Владите на Европската унија одлучија денес да ги отворат своите граници за граѓаните на уште 14 земји, меѓу кои ја нема Македонија. Одлуката, сепак, е необврзувачка, што значи дека секоја земја ќе може самостојно да одлучи за кои други земји ќе ги отвори своите граници.

Добивај вести на вибер

На списокот се: Србија, Црна Гора, Канада, Австралија, Алжир, Тунис, Нов Зеланд, Грузија, Јапонија, Мароко, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд и Уругвај. Кинезите исто така ќе можат да влезат во ЕУ, но само ако Кина сооопшти дека и таа ќе прифати европски посетители.

Одлуката е донесена врз основа на епидемиолошката состојба во земјите од каде што доаѓаат посетителите, а листата редовно ќе се ажурира, соопштено е во Брисел.

Европската комисија, извршниот орган на ЕУ, инсистираше надворешните граници да се реотворат на координиран начин з да се избегне хаос во транспортот, но на крајот сепак одлуката е да се оди со одлуки во секоја земја посебно.

Границите на ЕУ ќе останат затворени и за државјаните од САД, која е земја со најголем број заразени од коронавирус во светот – 2.6 милиони.

eugranicimkd

Би можело да ве интересира

Нов баланс на моќ: Европа брзо ја презема улогата на американската разузнавачка служба во Украина

Горан Наумовски29/01/2026 - 21:49

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да се приклучи на Европската Унија

Горан Наумовски28/01/2026 - 14:21

Студената порака на Киев: Украина ги отфрла празните ветувања на Западот

Горан Наумовски28/01/2026 - 10:06

Фон дер Лајен: ЕУ наскоро ќе претстави голем инвестициски пакет за Гренланд

Горан Наумовски23/01/2026 - 06:5423/01/2026 - 08:00

Трамп објави договор со НАТО за Гренланд и ги одложи царините за Европа

Горан Наумовски21/01/2026 - 21:00

ЕУ го презема првиот чекор против САД: Клучниот договор со Америка е суспендиран

Горан Наумовски21/01/2026 - 17:52
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен