Со ДПА во власта ќе се применува консензуална демократија, а јас како вицепремиер со право на вето ќе обезбедам еднаква и пропорционална распределба на буџетот, изјави Мендух Тачи на вчерашната средба со жителите на Општина Брвеница.
– Епидемија создаде тешкоти. Добро е што повеќето од заразените оздравуваат, но лошо е што тоа остава последици. Со доаѓањето на ДПА на власт, јас како вицепремиер ќе се залагам државниот буџет да биде ориентиран кон зајакнување на здравствениот систем во албанските населени места. Ова ќе биде приоритет од првиот ден, рече Тачи.
Тој, воедно, на средби во селата на Општина Врвеница, посочи дека ДПА има детален економски и политички план, односно дека имаат кадар „што ќе ги постави Албанците не заслуженото ниво“.