Претседателот на Демократската партија на Албанците Мендух Тачи вечерва оствари средби со граѓани во повеќе села во општина Брвеница. Тој порача дека е важно да се спроведат големи мерки за надминување на состојбата со пандемијата по завршување на изборите.
„Мерки за справување со Ковид-19 се потребни во клиничката болница во Тетово која мора да добие барем еден милион евра за да функционира како универзитетска клиничка болница и да го штити здравјето на Албанците. Секој член на семејство треба да добие по 100 евра итна помош за надминување на последиците од кризата. И трето, да се помогне секој од таксист и келнер, до големите бизниси, со помалку процедури,“ изјави Мендух Тачи во Челопек.