Шекеринска: И пензионерите со ниски пензии ќе добијат „домашни картички“

Од:

Со четвртиот пакет владини мерки за поддршка на граѓаните во време на пандемијата, се предвидува кредитните картички кои досега беа на располагање на одредени категории на граѓани да се прошират и да опфатат уште две групи, и тоа невработени лица кои не се пријавувале секој месец во агенцијата за вработување и сите пензионери со пензии под 15.000 денари, најави денес Радмила Шекеринска од Дебар.

Таа истакна дека во периодот на најтешката пандемијап, владата „покажала дека знае да обезбеди силна здравствена заштита, но и 550 милиони евра само во трите сета економски мерки“.

„Како што успеавме да ја покачиме минималната плата од 9.000 на 14.500 денари, немаме дилеми дека сега можеме уште повеќе и уште подобро и минималната плата на крајот на нашиот мандат ќе изнесува 20.000 денари, а заедно со минималната плата ќе расте и просечната плата и нашата цел е на крајот на мандатот таа да изнесува 34.000 денари.
За да го постигнеме ова ќе ја зголемиме финансиската помош која што ќе ја насочиме кон наиште компании. Тие ќе можат да сметаат на 600 милиони евра поддршка, од кои 300 ќе влегуваат од државниот буџет, а 300 од европските фондови, а 2,2 милијарди евра ќе се насочат во јавни инвестиции,“ нагласи Шекеринска.

Би можело да ве интересира

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за зголемување на платите на пожарникарите

Горан Наумовски

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ нуди план во три точки за да се реши кризата во Скопје