Спасовски: Во Арачиново покажавме дека е можен соживот

Од:

Носителот на листата на кандидати за пратеници на СДСМ во втората изборната единица, Оливер Спасовски, рече денес дека Арачиново е пример дека е можен и соживот и грижа за сите и вети уште повеќе инвестиции за рамномерен регионален развој.

Тој нагласи дека една голема општина како Арачиново со години и децении била оставена без детска градинка, а сега првпат ќе добие таков објект, кој е во завршна фаза на проектната документација.

„Ние, во државава за само три години инвестиравме во градба и реконструкција на 44 градинки и определни се нови 15 милиони евра за заокружување на 70 новоизградени објекти за градинки,“ порача Спасовски.

Тој нагласи дека во Арачиново во изградба е канализационен систем долг 10,1 километри и инвестираме 106 милиони денари, а додека во сите останати општини во ИЕ 2 се вложени 814 милиони 441 илјада 489 денари за изградба и реконструкција на водоводна и канализациска мрежа.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Бугарофили на власт, тендер коалицијата ВМРО – ЗНАМ ја надмина и својата пропаганда

(ВИДЕО) Кузеска: Вметнувањето на малцинствата во Уставот го зајакнува македонскиот национален идентитет

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не нуди решенија, туку борба за власт

СДСМ: Испрати ли Владата на Груевски барање за екстрадиција на Груевски?

(ВИДЕО) Кузеска: Инфлација 5,7%, празни фрижидери, празни џебови, сиромаштија