Охрид ја урива железната дивоградба на плажата во Канео

Од:

Урнатата платформа која сопственикот си ја врати во Охридското Езеро, сега Општина Охрид целосно ја отстранува. Неколку работници со хилти и друга машинерија ја отстрануваат платформата заедно со железната конструкција на плажата во Канео, бидејќи е една од дивоградбите на државен имот за кои не може да се издаде решение за легализација, со оглед дека таму не е предвидено нејзино поставување. Изминативе денови на неа беа поставени маси и се пречекуваа гости, на што реагираше здружението „Охрид СОС“.

„И покрај пофалбите кои ги доби на партиската трибина пред неколку дена, се чини дека Константин Георгиески, сепак, не постигнал многу, бидејќи платформите кои се пофали дека се отстранети или се отстрануваат сепак стојат и се функционални. Како доказ, слика од Канео, каде сè функционира по старо“, напишаа од Охрид СОС.

Платформата која сега општината ја отстранува, по летната сезона минатата година, односно во  септември, ја отстрануваше самиот сопственик. Но, пред почетокот на туристичката сезона годинава, односно минатиот месец, тој ги врати само штиците во езерото, бидејќи железната конструкција не беше воопшто допрена. Сега, тој ќе треба да ѝ плати на Општина Охрид за ангажираните фирма, работници, механизација, според соодветен трошковник.

Изминатите две недели во Охрид се уриваше плажата Немо, откако Владата донесе уредба плажите да се вратат во првобитна состојба поради истечените концесии. Екипи на општинските јавни претпријатија почнаа со активности за уредување на крајбрежниот простор на Охридското Езеро, во потегот од Горица 3 до Аквалина.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски

Во 2025 година никнале 911 дивоградби

Катерина Ѓуровски