Маларијата се уште зема 660 илјади животи во светот, од кои поголемиот дел се деца од Африка, а зголемената употреба на комарници, третирани со инсектицид е клуч за решавање на проблемот со оваа болест, една од најчестите причини за смртноста кај децата, нагласи УНИЦЕФ по повод Светскиот ден за борба против маларијата.
Според УНИЦЕФ доколку насекаде се користат комарници, по еден за секои две лица, оваа едноставна, но ефективна бариера може да ја намали детската смртност со над 20 отсто.
До 2010 година продажбата на големо, големите јавни набавки, подоброто финансирање и зголемувањето на капацитетот во Африка доведоа до зголемување на бројот на комарниците до 145 милиони.
Силниот акцент на масовното ширење на овој висикоефикасен метод против маларијата доведе со спасување на 1,1 милион лица и намалување за една третина на смртноста од маларија во Африка до 2000 година.
– Недозволиво е секој ден повеќе од 1.500 деца да умираат од излечливи болести, изјави Никола Алипуј, програмски директор на УНИЦЕФ.
– Наша должност е да ги доставиме тие комарници до секој кој, кој има потреба од нив, да преземеме навремени истраги и адектавно да ги лекуваме заболените, додаде Алипуј.
Тридневна терапија ја лекува маларијата, особено доколку е дијагностицирана рано и се лекува со соодветни лекарства, најчесто со комбинација на лекарства, базирани на Артемизинин.
Голем број деца во Африка се уште умираат од маларија, бидејќи не спијат под комарници, третирани со инсектицид и немаат можност да се лекуваат во рамки на 24 часа од појавата на првите симптоми.