Сеул му предложи на Пјонгјанг официјални разговори за судбината на индустрискиот комплекс Кесон

Од:

Сеул му предложи на Пјонгјанг официјални разговори за судбината на индустрискиот комплекс Кесон, каде од 3 април и е забранет пристап на Јужна Кореја, изјави јужнокорејскиот министер за национално обединување, Ру Кил-јае.

Доколку Северна Кореја не се согласи Сеул предупреди на сериозни мерки, без да навлегува во детали.

Комплексот е сместен на севернокорејска територија, на десетина километри од линијата на разделување меѓу двете земји. Тој беше сметан за симбол на корејската соработка.

Во комплексот работат 53 илјади Севернокорејци, кои по зајакнување на тензиите се повлекоа одтаму.

Околу 180 јужнокорејски работници останаа во зоната, но повеќе немаат вода и други неопходно намирници.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња