Вечерва во Дортмунд на Весвален играчите на Борусија, предводени од фантастичниот Роберт Левандовски го декласираа Реал Мадрид со 4:1 за голем исчекор кон финалето на Вембли на 25. мај.
Полјакот беше стрелец на сите четири голови за домашната екипа, погодувајќи во осмата, 50-та, 55-та и 66-та минута од белата точка.
Со тоа Полјакот испрати јасна порака до „кралевите“ дека Борусија е решена да игра германско финале во ЛШ, кое по овој резултат и по оние 4:0 за Баерн против Барселона и тоа како делува како најверојатен расплет во елитното европско натпреварување.
Единствениот погодок на Реал беше постигнат во 43. минута, и тоа по една голема грешка на Матс Хумелс, која му овозможи на Гонзало Игуаин да му асистира на Кристијано Роналдо за изедначување од 1:1.