Пјаниќ утре ќе отпатува за Барселона

Од:

Договорот за размена на Артур и Миралем Пјаниќ е при крај. Според италијанските и шпанските медиуми, сè е договорено и следуваат само лекарски прегледи.

Артур се очекува да замине во тимот од Торино по денешниот натпревар на Барселона со Селта. Босанскиот играч од средниот ред на Јувентус утре ќе мине тестови во Барселона, откри „Мундо Депортиво“.

Се очекува Каталонците да добијат 70 милиони евра за Бразилецот, а малку подоцна да вратат 60 милиони за Пјаниќ. Договорот за Артур мора да биде објавен до 30 јуни, затоа што тогаш „Лос Кулес“ ќе ја заврши финансиската година.

И двајцата играчи ќе останат во нивните сегашни клубови до крајот на сезоната во Лигата на шампионите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска