Граничниот премин Ново Село отворен, влезот во Бугарија забранет до 15 јули

Од:

Граничниот премин Ново Село на македонско-бугарската граница од денеска е отворен, но во Бугарија преку преминот Златарево не може да се влезе до 15 – ти идниот месец, до кога трае вонредната состојба кај источниот сосед, информираат од овој граничен премин.

– Низ Бугарија може само да се транзитира, а тие што поседуваат бугарски пасоши или лични карти можат да влезат, но потоа веднаш заминуваат во карантин 14 денови. Исто така, не доаѓаат ниту бугарски државјани, бидејќи по враќањето и тие одат во карантин, информираат од граничниот премин Ново Село.

Додаваат утринава дека неколку македонски граѓани со бугарски лични карти заминале, но согласно процедурите меѓу двата гранични премина биле предупредени дека ги чека карантин или може да бидат вратени назад.

На преминот Ново Село забележани се српски и државјани од ЕУ земјите кои го користат овој премин за да заминат на летување во Грција преку преминот Кулата-Промахонос на бугарско-грчката граница, бидејќи патниците кои не се од земји членки на Европската унија не се пропуштаат на преминот Евзони на македонско-грчката граница.

Од денеска е најавено враќање на поголем број македонски државјани кои студираат и работат во Бугарија. Тие можат слободно да се вратат дома без досегашните задолжителни ПЦР тест и четиринаесетдневен карантин.

Би можело да ве интересира

Грција воведе жестоки сообраќајни казни: 1500 евра за пушење во возилото доколку во него има дете под 12 години

Орце Костов

Двајца странци уапсени на граница – еден возел со фалс германска дозвола, а другиот со украдено возило

Анита Петровска Рајковиќ

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Заврши штрајкот на грчките цариници, од утрово нормализирано влегувањето во Грција

Дебата за полиграф за граничарите: Сите што се лојални и чесни не треба да стравуваат

Орце Костов

Стоп за возилата со руски таблички во Финска