„Волстрит џурнал“: САД сакаат вештачки да ја зголемаат конкуренцијата со „Хуавеј“

Од:

Администрацијата на САД веќе подолго време подготвува план за преземање на европските компании „Ериксон“ и на „Нокиа“ од американски технолошки и телекомуникациски конзорциуми со цел вештачки да ја засили конкуренцијата со кинеската телекомуникациска корпорација „Хуавеј“, објави „Волстрит џурнал“.

Весникот наведува дека планот не е реализиран поради пандемијата со новиот коронавирус.

„Волстрит џурнал“ наведува дека Вашингтон внимателно се консултира со „Сиско системс“ и други американски технолошки компании, телекомуникациски оператори и приватни инвестициски фирми за купување на „Ериксон“ и „Нокиа“. Предложено е и за европските компании да се обезбедат даночни олеснувања за европските комании, но и владина поддршка за американските компании кои ќе се согласат да ги купат „Ериксон“ и „Нокиа“.

Белата куќа дистрибуира извештај подготвен од група експерти, меѓу кои и поранешниот директор на НАСА и поранешниот извршен директор на „Нокиа“. Тие предлагаат создавање на технолошки конзорциум под покровителство и со поддршка на САД, кој ќе може да биде конкуренција на „Хуавеј“. Идејата е поддржана и од група посредници за приватни инвестиции предводени од „Керберус капитал“, наведува „Волстрит џурнал“.

Весникот посочува и дека американските големи компании за сега се резервирани за плановите на американската администрација за преземање на „Ериксон“ и „Нокиа“.

Би можело да ве интересира

Почина Свен Горан Ериксон

Тешко болниот Ериксон испрати проштална порака: Имав добар живот, а за тоа треба да платиш за тоа

Предраг Петровиќ

Федерална комисија на САД укина одобрување за нова опема од „Хуавеи“ и од „ЗТЕ“

Ана Ололовска

Нокиа се повлекува од Русија

Ериксон ги стопира сите бизнис активности во Русија

САД издале лиценци за извоз во вредност од 100 милијарди долари на добавувач на Хуавеи

Ана Ололовска