Индија ќе воведе повисоки царини за кинеските производи

Од:

Индија планира да воведе повисоки царини за артиклите од Кина и построга контрола на квалитетот на кинеските увезени производи, објави Блумберг повикувајќи се на индиски неименувани извори.

Зголемувањето на царините за кинеските производи имплицира дека воените тензии помеѓу двете држави ги влошуваат и економските односи.

Државнатра служба за индиски стандарди ги финализира построгите норми за повеќе од 370 артикли, меѓу кои хемикалии, електроника, мебел, хартија, индустриски машини, гумени производи, стакло, фармацевтски артикли и пластични играчки.

Нормите се разгледуваат од Министерството за финансии на Индија, а Владата инсистира на стимулирање на локалното производство.

Индија минатата година увезла од Кина производи во вредност од приближно 70 милијарди американски долари, додека трговската размена помеѓу Пекинг и Њу Делхи изнесувала околу 50 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик