Вечерва на својата „Алијанц“ арена Баерн Минхен со убедливи 4:0 ја прегази барселона.
Резултатот во Минхен го отвори Томас Милер во 25. минута, кога одлично се снајде со глава во шеснаесетникот на гостите, а по само четири минути игра во вториот дел беше и 2:0 за Баерн по погодокот на Марио Гомез.
Унгарскиот арбитар не го санкционираше прекршокот на Милер над Жорди Алба во 73. минута со кој тој му овозможи на Арјен Робен да бие и да го совлада Виктор Валдес за 3:0 за Баварците.
Точка на убедливиот триумф стави токму Милер, кој во 82. минута ги постави конечните 4:0 за големо славје на трибините во Минхен и предност која делува недостижно за Каталонците во пресрет на реваншот на Ноу Камп.