Се бара потврда од Русија за рекордните 38 степени измерени во Сибир

Од:

Светската метеоролошка организација (СМО) побара од руските власти да ја потврдат веста за рекордната температура од 38 степени Целзиусови што наводно била регистрирана во Сибир, јавуваат агенциите.

Научниците подолго време предупредуваат дека глобалното затоплување им се заканува на руските сибирски пространства, но информациите за жештината во регионот кој обично е замрзнат во поголемиот дел од годината, се посебно загрижувачки.

Температурата била забележана на 21 јуни во Верхојанск, град што се наоѓа во рамките на Арктичкиот круг, пренесуваат медиумите, потсетувајќи дека Северниот пол се затоплува двојно побрзо од глобалниот просек и дека пролетта во Сибир годинава беше невообичаено топла.

СМО, чие седиште е во Женева, одговорот од руските власти го очекува во рок од неколку дена, а потоа и самат ќе почне со проверки за да утврди дали температурата во Сибир е највисока досега регистрирана во тој дел од планетата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во Сибир -50 степени, Москва беше затрупана од рекорден снег за овој период од годината

Научниците тврдат: Во тек е феноменот Ел Нињо, кој придонесува за затоплување на планетата

Во најстудениот град во светот е минус 50 степени

Во село во Јакутија температурата се спуштила до минус 61 Целзиусов степен

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во рафинерија во Сибир, двајца загинати

Франција го има второто најжешко лето по 2003 година

А1он