Наскоро ќе започне реконструкцијата на Владата во барок стил, иако авторот Петар Муличковски не се согласува со промена на изгледот на објектот.
За реконструкцијата на фасадата ќе се потрошат 9,2 милиони евра и ќе започне да се изведува деновиве.
Муличковски вели дека од Владата не ни сакале помош од него но и дека не може такада се менува. Објектот на Владата кое е негово ремек дело вели дека е градено од горе надоле со плочи кои висат, додека барокот почнува од темели па нагоре.
Според него, незмисливо е некој денес, објект на модерната да го претвора во барок.
-Не се цени тој поим да правиш копии, да се служиш со копии, тоа е исто како на Мона Лиза да и ставиш наочари. Луѓето не се разбираат ниту од проектирање ниту од ништо, не може секаде каде ке ви текне да сметнуваш згради без консултации, рече Муличковски.