Непознати криминалци испратиле заканувачко писмо и пратка со сомнителен прав до министерот за одбрана на Јужна Кореја, Ким Куан-џин, соопшти прес службата на министерството, цитирана од руски медиуми.
Јужнокорејските органи за правата на човекот прават обиди да ги утврдат испраќачите и квалитетот на правот, откриен во пакетот.
Писмото соддржи критики за тврдата позиција на Сеул кон Северна Кореја и уверување дека јужнокорејскиот министер за одбрана ќе биде соодветно „казнет“.
Минатата недела крај зградата на министерството за одбрана беа откриени неколку стотици писма со вакви закани против негови службеници, додаваат агенциите.