Цел регион под карантин: Илјадници се тестираат од коронавирус, кинеските власти наредија масовни дезинфекции

Од:

Повторно беа затворени фитнес салите, училиштата, рестораните и базените во Пекинг поради појавата и зголемувањето на смртоносната зараза, пренесе „Би-Би-Си“.

Првичните резултати кажуваат дека евидентирани се над 160 позитивни случаи.

Поради страв од повторување на епидемијата која усмрти илјадници животи во првиот бран, денес жителите на Пекинг во долги редици чекаат да се тестираат.

Повеќе региони во околината на градот беа изолирани и се прават масовни дезинфекции.

Целиот град се наоѓа во вонреден режим од втор степен од вкупни три.

На жителите од 28 области кои се наоѓаат во околината на Пекинг им е забрането да ги напуштат своите живеалишта, оние кои сакаат да го напуштат своето место на живеење мораат претходно да се тестираат, велат кинеските власти.

Се претпоставува дека заразата се појавила на локален пазар во местото „Kсинфади“, на идентичен начин како првиот бран кога ситуацијата ескалираше во Вухан.

Би можело да ве интересира

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

НАТО го предупреди Пекинг: Не и помагајте на Русија