Кина денеска соопшти дека не сака нови конфликти на границата со Индија и додаде дека двете држави се обидуваат да ја решат ситуацијата преку дијалог.
Според портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Џао Лиџијан, Кина не е виновна за конфликтот.
Тој рече дека состојбата на границата е стабилна и под контрола.
Во судирите што избувнаа во понеделникот меѓу индиските и кинеските војници на спорната граница на Хималаите загинаа 20 индиски војници.