Рама: Албанија може да го врати карантинот поради новите случаи на Ковид-19

Од:

По зголемувањето на бројот на новозаразени со коронавирус забележано деновиве, албанскиот премиер Еди Рама ги предупреди граѓаните дека доколку не ги почитуваат протоколите или правилата утврдени од Министерството за здравство, ќе мора да се вратат во карантин.

„Бескорисно е да повторувам, колкупати сум ви кажал дека Ковид е опасен непријател. Не можам да обвинам никого од вас кој се вознемири и беше нервозен од тоа големо затворање, дека сакаше да се врати во нормала. Кога одлучивме да отвориме се, бевме свесни дека отворањето ќе донесе нешто,дека бројот на новозаразените ќе порасне, но не верувавме дека протоколите и мерките нема да се почитуваат во толкава мера.Затоа доколку продолжи вака, за жал ќе мора повторно да воведеме карантин,иако не сакам да поверувам во тоа,“ вели Рама.

Преку врска во живо на Фејсбук ги соопшти и трите мерки,кои, како што вели, се донесени заедно со експертите по долги разговори.

„Нема да се дозволи никаков вид групирања, вклучувајќи и политички.Слободното движење е гарантирано но собирања, со поголем број од дозволениот со безбедносните протоколи, нема да се дозволи. Полицијата ќе ја спроведува својата должност,без да прави никаква разлика и кој ќе учествува во собири ќе биде казнет индивидуално,“ ја објасни Рама првата одлука.

Посочи дека нема толеранција за бизнисот и доколку не се почитуваат безбедносните протоколи освен парична казна на сопствениците им се заканува и затвор.

„Граѓаните ќе може да се движат слободно но и тие ќе бидат казнети доколку ги прекршуваат правилата на однесување на јавни места. Вака не може понатаму,“ заклучи Рама.

По едноцифрените и ниски двоцифрени бројки, од минатиот понеделник трендот на новозаразени е во постојан раст. Вчера беа регистрирани 69 а денеска 82 новозаразени,што е највисока бројка од појавата на пандемијата.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски