Датумот за македонските избори и продолжената вонредна состојба, тема и во албанските медиуми

Од:

Албанските медиуми,без исклучок отстапуваат широк простор за постигнатиот договорот за датумот на вонредните парламентарни избори во Северна Македонија и продолжената вонредна состојба од страна на шефот на државата, Стево Пендаровски.

„Предвремените избори во Северна Македонија ќе се одржат на 15 јули“, „По многу договарања конечно договор за избори на 15 јули“ „Претседателот Пендаровски за осум дена ја продолжи вонредната состојба“ „Пендаровски очекува изборите да бидат демократски“, се најчестите наслови на информациите кои ги емитуваа медиумите.

-Политичките партии во Северна Македонија конечно постигнаа договор предвремените избори да се одржат на 15 јули. Од кога поранешниот премиер Зоран Заев поднесе оставка, земјата е без парламент и со техничка влада, која по прогласувањето на вонредната сосотјба поради пандемијата имаше право да донесува одлуки со законска моќ, наведува Ора њуз.

Топ чанел прави поширок приказ за текот на разговорите и постигнатиот консензус меѓу лидерите на двете најголеми политички партии,Зоран Заев на СДСМ и Христијан Мицковски на ВМРО ДПМНЕ.

Во сите новинарски извештаи за последните случувања на македонската политичка сцена се потсетува на првичниот датум, за преговорите водени меѓу политичките партии, како и средбите на лидерите со странските дипломати.

Исто така се пренесува и ставот на ДУИ, која смета дека со постигнатиот консензус избегната е политичка криза во земјата.

Пренесувајќи ја веста за одлуката на претседателот Пендаровски за продолжување на вонредната состојба за осум дена, главен акцент се става на неговата изјава дека „очекува изборите да бидат слободни и демократски, имајќи ја во предвид евро-атланската перспектива на земјата“.

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Трета жртва од пукањето во Скадар