Сеул: Пјонгјанг може да почека до јули за ракетната проба

Од:

Северна Кореја може да почека до крајот на јули за да ја изврши ракетната проба, соопшти јужнокорејското Министерство за одбрана, нагласувајќи дека состојбата на Корејскиот Полуостров е затегната и оти таквата ситуација може да трае со месеци.

Според јужнокорејските разузнавачки служби Северна Кореја неодамна распоредила на источното крајбрежје ракетни системи и ракети со различни дострели, од кои некои можат да достигнат до Јужна Кореја, Јапонија и американскиот остров Гуам.

Некои експерти претпоставуваа дека Пјонгјанг ќе изврши една или повеќе ракетни проби околу 15 април, на 101 годишнината од раѓањето на Ким Ил-сунг, основачот на Северна Кореја.

Сега се споменуваат повеќе варијанти, меѓу кои 25 април, кога се празнува создавањето на севернокорејската армија, 30 април кога завршуваат американско-јужнокорејските вежби или 27 јули, кога се празнува годишнината од примирјето, склучено на крајот на Корејската војна (1950-1953).

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња