Приведен маж од Ченто, пронајдени автоматска пушка и пиштол

Од:

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека денеска на ул. „М.А.Ченто“, на патот кон село Арачиново Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со Единицата за интервентна полиција на СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Ф. (30) од село Синѓелиќ. Д.Ф., кој на себе носел панцирен елек и пиштол „Смит и Весон“, бил заедно со полициски службеник, кој не бил на работа, а седеле во угостителски објект.

– Потоа е извршена контрола на возило „сеат ибица“, паркирано од Д.Ф. и пронајдено е една автоматска пушка и една рамка од пушката, рамка од пиштол полна со куршуми. По документирање на случајот Д.Ф ќе биде предаден на надлежен обвинител, а во расчистување на случајот е вклучен и Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди, наведоа од МВР.

Би можело да ве интересира

Вашингтон пост: САД добија околу 500 извештаи дека Израел злоупотребил американско оружје

Пронајдени пушки и муниција во Кичевско, уапсен е 50-годишник

А1он

Германија: Одобрено е ново оружје за Израел

Горан Наумовски

Данска објави пакет воена помош за Украина од 350 милиони долари

„Гардијан“: Германија го блокираше извозот на оружје за Израел

Приведен дилер во Тетово, пронајдена дрога