Жунјак: Интерконтинентални летови најверојатно ќе има дури во четвртото тримесечје

Од:

Интерконтиненталните летови за обичните патници најверојатно нема да се обновот до крајот на годинава, изјави денеска за Си ен би си Александар де Жунјак, прв човек на Меѓународно здружение за воздушен превоз (ИАТА) .

Притоа, тој изјави дека до само пред еден месец најголем дел од светските авиопревозници гледале со голем песимизам за својата иднина и компаниите не планирале брза обнова на летовите.

Но во изминативе две недели со отварањето на економиите, расположението кај европските и американките авиокомпании станало пооптимистично и сега тие планираат побрза обнова на воздушниот транспорт.

Според Жунјак, летови на поблиски растојанија, како оние меѓу европските градови, се можни уште ова лето, но, како што додава „за интерконтиненталните летови највеојатно ќе треба да се почека до четвртото тримесечје“.

ИАТА синоќа објави уште една прогноза за воздухопловна индустрија за оваа година во која се укажува дека поради пандемијата, загубите на авиопревозниците во 2020 година ќе бидат 84.3 милијарди долари.

-Финансиски, оваа година ќе биде најлоша во историјата на авијацијата, кога просечно имаме дневни загуби од 230 милиони долари во индустријата, изјави првиот човек на ИАТА.

Би можело да ве интересира

Колку луѓе ја дочекаа Нова година на небото? Во моментот на пристигнување на 2024 летале 10.560 авиони

А1он

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска