Во Холивуд е издаден нов „Правилник“ од 22 страници за снимање филмови во услови на пандемија на коронавирус, која сѐ уште трае.
Во него има посебен дел за љубовно-сексуалните сцени… Имено, тие ќе бидат избегнати или ќе се прават со помош на монтажа, анимации и специјални ефекти.
Исто така, глумците и екипата кои работат на филмот ќе треба да бидат тестирани на коронавирус, да го почитуваат физичкото растојание и да поседуваат лична заштитна опрема.
Присуство на публика за време на снимањето е забрането. Аудициите за актери, пак, ќе се одвиваат преку заштитно стакло.