Јане Сандански, (18 мај 1872 – 10 април 1915) бил истакнат македонски револуционер, војвода и раководител на Македонската револуционерна организација.
Во 1899 година се запознал со Гоце Делчев и со Ѓорче Петров и преминал во ТМОРО. Во 1901 од Делчев бил испратен за војвода во пограничните региони на Серскиот округ за заштита на организационата територија од навлегување на врховистите.
Учествувал во Првата балканска војна, го ослободил Мелник и како претходница на Бугарската армија дејствувал при заземањето на Рупелската Теснина.
А Бугарите пак се зафатија со неговата смрт. Бугарскиот веб портал Актуелно фрла прашина врз досегашните наоди за смртта на Јане Сандански.
Сега велат дека бил убиен во заседа кај Мелник и е организатор на егзекуциите на Михаил Даев, Борис Сарафов и Иван Гарванов.