Властите во Пакистан стравуваат дека заразените од Ковид-19 нема да можат да ја добијат болничката нега

Од:

Властите во Пакистан соопштија дека се регистрирани повеќе од 100.000 заразени со Ковид-19 и дека болниците немаат доволно капацитет да ги примат сите пациенти.

Владата  соопшти дека има 103.671 заразени, а според вчерашните податоци, од коронавирусот починале над 2.000 лица.

Како што пренесуваат странските агенции, бројот на заразени лица беше значително потценет поради недоволниот број прегледи, така што министерот за здравство на провинцијата Кибер-Пактунква кон крајот на мај изјави дека бројот на заразени лица е десет пати поголем од официјалните податоци.

Сепак, стапката на смртност, која се зголемува, е сè уште мала во оваа земја со лоша здравствена инфраструктура.

Во моментов, речиси 1.400 пациенти се во критична состојба, а голем број болници немаат доволно капацитет да ги примат сите пациенти.

– На болниците им недостигаат кревети. Нема доволно ниту респиратори, рече претседателот на Здружението на млади лекари во Пенџаб, Кизер Хајат.

Во Карачи болниците почнале да ги враќаат пациентите.

Премиерот Имран Кан од почетокот на пандемијата се спротивстави на затворањето на градовите, со што се овозможува спасување на луѓето од коронавирусот, но не и од умирање од глад.

Тој на почетокот на јуни најави укинување на сите мерки воведени на почетокот на март во Пакистан.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица