Телефонот на HTC што ќе го носи називот M4, ќе биде направен од целосна метална легура, а добавувачот е веќе одбран.
HTC го избра Catcher Technology за свој ексклузивен провајдер за шасиите кои ќе бидат изработени од метална легура во обид да ги избегне проблемите со снабдување кои што ги имаше со HTC One.
Ќе поседува 4,3 инчен екран со резолуција од 1280 x 720 пиксели, dual-core процесор и Android 4.1 оперативен систем. Освен тоа, телефонот ќе поседува и 5 мегапикселна Ultra камера, како и 16 гигабајтен простор за складирање.
За почеток ќе бидат испорачани лимитиран број на уреди во јуни, а HTC очекува да продаде над 700,000 уреди во текот на вториот квартал оваа година.