Во Штип денеска беа одбележани 31 година од смртта на револуцинерот и поет Ацо Шопов.
По тој повод Општинската организација на Сојузот на борците, градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев и претставници на општината, политичките партии, државни институции и АРМ положија букети цвеќе пред неговата биста.
Штипскиот градоначалник Захариев истакна дека Шопов е една од значајните личности кои дале свој придонес не само за градот, туку и за земјава, а неговата поезија ја читаат и паметат сите генерации.