Сетиен инсистира на привлекување на Пјаниќ

Од:

Тренерот на Барселона, Кике Сетиен им соопштил на шефовите дека главниот приоритет за него е привлекувањето на Миралем Пјаниќ од Јувентус.

Се верува дека Бошњакот ќе замине во текот на летото, а тој избрал да се пресели на „Камп Ноу“.

Сепак, за него се заинтересирани и Пари Сен Жермен и Манчестер Јунајтед, а тоа сериозно го загрижува Сетиен, тврди „Гол“.

Поради оваа причина, тренерот ги повика шефовите да направат се што е можно за да го доведат Пјаниќ во каталонската престолнина.

Двата клуба веќе се во преговори за ова прашање и се очекува да направат размена на играчи. Нелсон Семедо и Жуниор Фирпо може да бидат дел од зделката за халфот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска