Подготвени два документа за практиките за пристап до еколошка правда

Од:

Во рамки на проектот „Еднаков пристап за ефективна правда“, имплементиран од страна на Здружението на граѓани „Флорозон“- Центар за еколошка демократија, во партнерство со Environmental Law and Management Association EMLA од Унгарија, подготвени се документи од суштинско значење за практиките за пристап до еколошка правда – „Компаративна анализа на постоечки модели на правна помош во и надвор од EУ и најдобри практики“, како и Водич за користење бесплатна правна помош, кој дава точни насоки за користење на механизмот за бесплатна правна помош со сите потребни документи за аплицирање.

Двата документи, како што соопшти Здружението, биле презентирани на денешната трета средба на Националното координативно тело, која се оджала на „Zoom“ платформата.

На средбата се дискутирало за правото на здрава животна средина, правото на користење на механизмот на бесплатна правна помош и статусот на ранливите и маргинализирани групи во овој контекст.

– Националното координативно тело, составено од релевантни претставници од областа на животната средина, ќе придонесе кон градењето ефективен систем на правна помош во земјата, ќе овозможи меѓусекторска соработка и соработка меѓу главните чинители основана врз партнерство и вмрежување vis-à-vis Законот за бесплатна правна помош, се вели во соопштението.

Со спроведување на проектните активности, велат од Здружението, се влијае врз зголемување на капацитетите на релевантните институции, подигнување на јавната свест за правото на еколошка правда и унапредување на постоечките механизми на правни лекови.

– Токму кога приоритет е хигиената и често миење на рацете, во некои делови од државата нема пристап до чиста вода. Правото за пристап до здрава животна средина и правото до вода се човекови права кои континуирано се прекршуваат. Механизмот за бесплатна правна помош е еден од постоечките механизми за пристап до правда кој речиси и не се применува за пристап до правата за вода и здрава животна средина. Пристапот до правдата е најчесто оневозможен, пред сè поради комплексните судски процедури, за кои граѓаните ниту се информирани, ниту пак имаат средства да си ги овозможат, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

A1on

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

A1on

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

A1on

Чебрен пропадна: Грчката компанија не можела да подигне кредит од банка за да гради

A1on

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

A1on

Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари