Пауновски: За да не дојде со судир со угостителите дадовме предлози за менување на протоколите

Од:

Директорот на пазарниот инспекторат, Стојко Пауновски, рече дека од четвртокот до сега издале 856 опомени за угостителите кои не ги почитувале протоколите, а откако по втор пат биле прекршени, инспекторите поднеле 26 кривични пријави. Пауновски повика сите да се придржуваат до протоколите, за кои кажа дека е можно да се изменат со цел поголема контрола.

„Во четвртокот издадовме 856 опомени на угостителските субјекти а во врска со спроведувањето на протоколите за работа. Од денот кога почнавме да ги казнуваме тие кои ќе ги прекршат протоколите, Пазарниот инспекторат има поднесено 21 кривична пријава и пет се во фаза на постапка, односно, денеска или утре ќе бидат доставени. Во викендот и вчера поднесени се 26 кривични пријави. Во истиот тој период констатирано е дека дел од угостителите кои почнале со работа во летните тераси, имаше и такви кои се нерегистрирани. Во текот на овие контроли, регистрирани се прекршувања по тој основ на 41 субјект за кои се изречени прекршочни пријави и издадени се платни налози“, рече Пауновски.

Според него, голем дел на угостителите ги почитуваат протоколите.

„За да не дојде со судир со угостителите дадовме предлози за менување на протоколите. Не сакаме по два ипол месеци затворени угостителски објекти, повторно да прибегнуваме кон мерката на затворање на оние кои нема воопшто да ги почитуваат протоколите. Сите овие протоколи, кои ги носи Владата, се пред се за заштита на тие кои го организираат угостителството, здравјето на оние кои ги посетуваат угостителските објекти. Ништо не е тешко ако сакаме нешто да спроведеме, бидејќи се работи за здравјето на сите“, додаде Пауновски.

Би можело да ве интересира

Како новороденчето добило сепса – Вонреден инспекциски надзор во прилепската болница по смртта на бебето

Анита Петровска Рајковиќ

Над 250 платни налози изречени при контролите на Пазарниот инспекторат во првата половина на мај

Ана Ололовска

ДПИ: При вчерашните контроли на „Кванташки“ изречени парични казни од над 580.000 денари и 30-дневни забрани за вршење дејност

Ана Ололовска

На Кванташки вчера биле одземени над 15 тони овошје и зеленчук, пријави и казни за прекршителите

Ана Ололовска

ДПИ: Извршени над 650 надзори, наплатени преку 175 прекршоци вредни повеќе од 6 230 000 денари

Ана Ололовска

ДПИ ќе ги контролира цените на тестенините и млечните производи

Ана Ололовска