Заев: Чулев дозволи непочитување на мерките и го загрози здравјето на граѓаните

Од:

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, го обвини техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, дека дозволил граѓаните да не ги почитуваат мерките и препораките, а со тоа го загрозил нивното здравје. Поради таквото однесување на Чулев, според Заев, има зголемен број на новозаразени од коронавирусот.

„Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, дозволи непочитување на мерките и препораките и го загрози здравјето на граѓаните. Овие денови ги гледаме последиците од оваа неодговорност, имаме нов број на новозаразени од вирусот. Но, здравствените институции имаат капацитет и ќе се справат со оваа ситуација. Многу е важно да разбереме дека вирусот е тука и сите мора да ги почитуваме мерките за заштита“, рече Заев.

Тој додаде дека наместо конструктивна критика од ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните биле сведоци на црни кампањи со лажни вести, клевети и инсинуации.

„За жал, како што Мицкоски се обидуваше да ги поткопа напорите да зачекориме на сигурен и стабилен пат кон ЕУ и НАТО, така сега се обидува да ги поткопува здравствените напори за борба против пандемијата, како и довербата на граѓаните во здравствениот систем. Наместо конструктивна критика од страна на опозицијата, во овие три години бевме и сè уште сме сведоци на црни кампањи со лажни вести, клевети и инсинуации“, додаде Заев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче останува со потрчковците на Заев

ВМРО-ДПМНЕ: Бугарија има јасна агенда за бришење на јазикот и идентитетот, СДС знаеше за ова и го дозволи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче му возвраќаат на Заев, неговите деца во партијата станаа кандидати за градоначалници

ВМРО-ДПМНЕ: Акиов е човек од доверба на Заев и соучесник во сценариото кое го подготвил со Филипче за дестабилизација во Кочани

Во енергетска криза, кланот Заеви и Филипче преку шема на фирми препродавале јаглен на ЕСМ три пати поскапо и профитирале, а граѓаните плаќале повисоки сметки за струја

Предраг Петровиќ

Манасиевски: Дали Филипче и Заев имале акции во индиска авиокомпанија и оттаму им се средствата за 50-катница во Дубаи

Катерина Ѓуровски