Македонија додадена на листата земји чии граѓани може да патуваат во Црна Гора

Од:

Националното координативно тело на Црна Гора, вечерва по предлот на Институтот за јавно здравје одлучи дека од 1 јуни ќе биде дозволен влезот на странци во Црна Гора, и тоа без карантин и самоизолација, доколку стапката на активни случаи на Ковид-19 е помала од 25 на 100.000 жители во државата од каде странецот доаѓа.

Во овој момент, на листата која еднаш неделно ќе се ажурира и беше дополнета денеска се наоѓаат Словенија, Исланд, Хрватска, Словачка, Швајцарија, Албанија, Австрија, Норвешка, Монако, Косово, Германија, Грција, Унгарија, Данска, Литванија, Латвија, Азербејџан, Луксембург, БиХ, Бугарија, Израел, Македонија, Ирска, Чешка, Финска и Естонија. Првично Македонија, БиХ и Србија не беа на списокот, а Србија не се наоѓа и на новата листа по што премиерката Ана Брнабиќ повика да не се патува и да се бојкотира соседната земја.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата ја опколи зградата каде што живее братот на Мило Ѓукановиќ

Брутално киднапирање во Црна Гора: Однесоа маж на непозната локација, го мачеа, го претепаа па го сечеа

Горан Наумовски

Уапсени се Блажо Шарановиќ и Весна Братиќ

Абазовиќ бара предвремени избори во Црна Гора

Црна Гора го затвори 13-то поглавје од преговорите со ЕУ

Завиткано тело пронајдено во река во Црна Гора, рацете му биле врзани