Министерот за безбедност на Индонезија, Мохамед Махфуд беше мета на остри критики откако го спореди новиот коронавирус со жените.
– Пред некој ден добив порака од пријател, кое гласеше: Короната е како твојата сопруга. Прво се обидуваш да ја контролираш, потоа сфаќаш дека не функционира тоа. И тогаш ќе се научиш да живееш со нејзе, истакна Махфуд.
Неговата изјава наиде на жестоки реакции од активисти и други Индонезијци.
Владата на Индонезија планира да ги укине карантинските мерки во некои делови од земјата и да се подготви за, како што е наведено, „новата нормалност“.
– Дали ќе останеме затворени засекогаш? Можеме да се прилагодиме на ситуацијата и истовремено да се грижиме за нашето здравје, изјави Махфуд.
Во Индонезија регистрирани се 24.538 лица инфицирани со Ковид-19, од кои 1.496 починале, а оздравеле 6.240 луѓе.