Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска телефонски разговарал со Албин Курти, вршител на должност премиер на Косово и претседател на Движењето Самоопределување.
„Во однос политичките состојби и одржувањето избори, претседателот Заев истакна дека до крајот на оваа седмица ќе се знае кога ќе бидат одржани изборите во Северна Македонија, додавајќи дека тие треба да бидат организирани во најбрз можен рок“, пишува во соопштението на СДСМ.
Во разговорот заеднички било заклучено дека и двете земји добро се справиле со кризата предизвикана од коронавирусот.
Заев нагласил дека двете сестрински партии треба да ја продолжат добрата и блиска соработка која ќе придонесе за подобра иднина на двете земји и нивните граѓани.
„Имам целосна почит кон граѓаните на Косово, можете да се потпрете на нас, нашата иднина е во ЕУ, посочил Заев, додавајќи дека се надева на заемно прифатливо решение помеѓу Србија и Косово.