Во Словенија само еден заболен за 24 часа

Од:

Во Словенија во изминатите 24 часа е потврден еден нов случај на коронавирус, објави словенечката влада. Со ова вкупниот број потврдени случаи е 1.469, а бројот на починати е 107.

Во изминатото деноноќие биле направени 256 тестови, што е значително помалку од вообичаеното за време на викендите. Во просек, секојдневно се вршеа околу илјада или повеќе тестови на ден од понеделник до петок, а околу 500 за време на викендите.

Во моментов, 16 лица се хоспитализирани, од кои тројца во одделенијата за интензивна нега, а нивниот број веќе некое време постојано се намалува – пред само две недели во болниците имало 40 пациенти.

Владата и здравствените работници веруваат дека епидемијата е ставена под контрола, па поради тоа се олеснуваат рестриктивните мерки.

Од денеска на настава се вратија сите ученици во основно образование, а можно е да почне наставата и за средните училишта, јавуваат словенечките медиуми.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски